Втор ден во Битола нема регистритано нови позитивни лица на ковид-19, а според информации на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти од кои во Битола се 26 лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во Битола нема починати лица како последица на ковид-19, а вкупно во Македонија се починати се 11 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.






