Денес, сабота, 9 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта кон недела со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 8°С.
Утре, недела, 10 јануари, во Битола времето ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Температурата во Битола до 11°С.






