Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 6 нови позитивни на ковод-19, оздравени 18, починато едно лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 6 позитивни на корона вирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти, а од Битола се 18.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Битола изнесува 3.112, а активни се 392 случаи.

Во ЦЈЗ Битола во последните 24 часа се направени 78 ковид-19 тестови.

Починати се 8 лица, еден пациент од Битола на 82 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

More from БитолаMore posts in Битола »