Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: отстранета опасноста за пумпната станица на “Водовод“ – Битола

Со ангажирање на екипите на јавните претпријатија од Битола, спречен е водениот налет на реката Драгор, која претпладнево откорна брег од речното корито и се закануваше на пумпната станица на ЈКП „Водовод“ Битола.

Неодамна поставениот потпорен ѕид, даде свој придонес во заштита на станицата, но и во целосната заштита од излевање на реката.

Градоначалничката Наташа Петровска, истакна дека е завршено со ископ на пробив, со што е насочен текот на водата кон коритото на реката, кое беше изместено заради отсекувањето на дел од брегот од силните напливи на вода, а дополнително, се затвора лакот од одронот на брегот.

Екипите остануваат на терен и натаму, а ќе се работи до раните утрински часови, според потребите.

Во исклучително тешки околности, Општина Битола успешно се справи со настанатата ситуација по обилните врнежи од дожд, со целосно ангажирање на сите јавни претпријатија под општинска и државна надлежност.