Нов голем успех на тимот на болница „Плодност“ од Битола. Кај пациентка на 52 годишна возраст, со карцином на ендометриум на матка (серозен тип), по лапароскопски пат направено е отстранување на матката со јајниците и лимфните жлезди во карлицата.
Ваква обемна и сложена операција Total laparoscopic hysterectomy cum aortocaval and pelvic node dissection е прва операција од овој вид, направена во Македонија во Битола. Оперативниот зафат траеше 3,5 часа. Пациентката истата вечер беше подвижна, а болницата ја напушти по три дена од оперативниот зафат, во одлична состојба.
https://www.facebook.com/BolnicaPlodnost/videos/193681722501515
Бенефитите од овој оперативен зафат се многубројни: побрзо опоравување, помал губиток на крв, помала болка и поголем естетски ефект, бидејќи се избегнува огромниот хируршки рез на стомакот.
Уште поголема предност на лапароскопскиот пристап е поегзактно и поефикасно препарирање на лимфните жлезди во однос на класичната хирургија. Со вадењето на
парааорталните, паракавалните и пелвичните лимфни жлезди, се одредува поточно тадиумот на болеста.
Оперативниот тим, кој ја изведе досега лапароскопски најсложената операција во Македонија, ја сочинуваа браќата д-р Христијан Трпчевски и д-р Синиша Трпчевски, анестезиологот д-р Филип Трајковски, медицинска сестра – инструментарка Билјана Стојковска-Наумовска, и медицинска сестра од анестезиологија, Ирена Стојановска.
Д-р Синиша Трпчевски е првиот македонски гинеколог кој работи роботска хирургија во Австрија.






