Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола и денес облачно со врнежи од дожд

Денес, понеделник, 11 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои можат да бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 11°С.

Утре, вторник, 12 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 7°С.