Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.023 тестирања, а регистрирани се 520 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 10 лица позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 372 оздравени пациенти од кои во Битола се 17.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106.






