Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел камион иако имал забрана за управување

На 14.10.2026 во 17:20 часот на ул. „Воден“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.С. (36) од Битола.

При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле товарно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С., при што било констатирано дека го управувал за време на забрана за управување на моторно возило.

По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.