Денес, среда, 13 ноември, во Битола, според прогнозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови од запад ќе се прошират врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд и ќе преминуваат во снег. Преку ноќта врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 5°С.
Утре, четврток, 14 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно и студено, од пладневните часови можни врнежи од снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер кој потоа премине во северен ветер кој ќе засилува и ќе трае и преку ноќта. Температурата во Битола до 6°С.






