Според информации на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 2024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се 5 нови позитивни на корона вирус.
Регистрирани се 444 оздравени пациенти од кои во Битола се 5.
Досега во земјата се направени вкупно 452.019 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.193, бројката на оздравени пациенти е 80.837, на починати е 2.841, а бројот на активни случаи изнесува 8.515.