Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола мали бројки, две лица позитивни на ковид-19, едно оздравено

Во последните 24 часа се направени 1.733 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 од кои од Битола е 2 лица.

Регистрирани се 365 оздравени пациенти, а од Битола оздравено е само едно лице.

Досега во земјата се направени вкупно 456.341 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.693, бројката на оздравени пациенти е 81.681, на починати е 2.855, а бројот на активни случаи изнесува 8.157.
More from ВестиMore posts in Вести »