Press "Enter" to skip to content

Амбасадорот на Руската федерација во посета на Општина Битола

Во работна посета на Општина Битола денеска престојуваше амбасадорот на Руската федерација во земјава, н.е. Сергеј Базникин, кој оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска.

Рускиот амбасадор ја потенцираше досегашната успешна соработка на општината и амбасадата, како и на двете земји во повеќе области. Тој изрази голема благодарност за соработката со општината при реализацијата на значајни датуми од руската историја кои се одбележуваат во градот.

На средбата се разговараше за потенцијалите и можностите за продлабочување на културната и економска соработка на двата збратимени градови од Руската федерација, Пушкин -Санкт Петербург и Нижни Новгород со Битола.