“КС Групација“, заедно со компаниите “Евротип“, “Голд Слот“ и “Голд Фелициа“ ја реализираше својата 19-та крводарителска акција во Битола, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на хуманитарни иницијативи и поддршка на заедницата.
Акцијата се одржа во канцелариите на “КС Групација“, а беше отворена за вработените во компаниите и за сите граѓани кои сакаа доброволно да даруваат крв и да придонесат за обезбедување на неопходните крвни резерви.
Со оваа иницијатива, “КС Групација“ продолжува да го поттикнува доброволното крводарителство и да ја негува општествената одговорност како важен дел од своето корпоративно работење.
Од компанијата упатија благодарност до сите крводарители за нивната хуманост и учество, нагласувајќи дека ваквите активности ќе останат дел од нивните заложби за поддршка на заедницата.






