Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски: ќе се формира заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници на Битола, Новаци и Могила

Координаторот на советничката група на СДСМ Битола – Методија Илиевски, денес ја објави одлуката на Општина Битола за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници на општините Битола, Новаци и Могила. 

-Советот на Општина Битола на седницата закажана за утре ќе донесе одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници на општините Битола, Новаци и Могила. Со оваа соработка помеѓу трите пелагониски општини, битолчани, новачани и могилчани добиваат поквалитет превоз, полесен и побрз транспорт и, секако, современ и еколошки прифатлив начин за патување.

Во месец март се очекува испораката на двата минибуси на метан кои Општина Битола ги набави за превоз на патници, а кои ќе бидат на располагање на ова јавно претпријатие.

Склучен е договор за набавка на дополнителни два еколошки минибуси на метан, кои што треба да бидат испорачани оваа есен. Со ова, јавно пратпријатие полека, но сигурно ќе ги добие неопходните ресурси за работа.

Со формирањето на заедничко јавно претрпијатие за превоз на патници на општините Битола, Новаци и Могила, се осовременува јавниот превоз во секоја од овие општини. Една од целите е зголемување на опфатот на корисници, односно намалено користење на сопствените патнички возила.  Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж, а набавката и употребата на современи еколошки возила за превоз на патници дополнително ќе го намалат загадувањето на амбиенталниот воздух.

Еколошки и современ јавен патнички превоз беше наше ветување кое го исполнуваме. СДСМ како одговорна политичка партија продолжува да работи во интерес на граѓаните.