Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца возеле без возачка дозвола, тројца не регистрирани возила…

На 16.02.2021 на подрачјето на СВР Битола биле спроведени засилени контролни активности на патниот сообраќај, при што биле откриени и санкционирани тројца возачи кои не поседувале возачка дозвола, три возила со истечена регистрација, 17 непрописно паркирани возила, 12 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возила, тројца возачи затоа што не користеле сигурносен појас.

Брзината ја пречекориле шест возачи, а двајца извршиле неправилно престигнување.

За сите неправилности изречени се соодветни санкции.