Press "Enter" to skip to content

Денес 69. седница на Советот на Општина Битола, на “zoom“ на дневен ред 38 точки

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот, ја закажа 69. седница на Советот на Општината Битола, а истата ќе се одржи “online“ преку апликацијата ZOOM како и претходните седници.

На седницата ќе се расправа за програми кои ги носи Советот, за средствата на Буџетот на Општина Битола, за меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Могила и Новаци за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници, за финансиска помош за санирање на последиците од природни непогоди – поплавите, за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола  и други.

На оваа седница ќе има 38 точки на дневниот ред и тоа:

1. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општината Битола за 2021 година.

2. Програма за измена и дополнувања на Програмата за туризам за 2021 година.

3. Програма за превенција на детско претстапништво 2021 година.

4. Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2021 година.

5. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2021 год.

6. Одлука за пренамена на остатокот на средствата добиени согласно Одлуката за кофинансирање на Проектот: Промена на дограма и кровна конструкција за реконструкција на дограмата на СОТУ „Ѓорги Наумов“Битола.

7. Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Битола, Могила и Новаци за основање на заедничко јавно претпријатие за вршење на превоз на патници.

8. Одлука за доделување на финансиска помош за санирање на последиците од природни непогоди – поплавите во Општина Битола.

9. Одлука за предавање на инфраструктурен објект на ЈКП „Водовод“Битола.

10. Иницијатива за измена и дополнување на Статутот на Општина Битола.

11. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ,,Ѓорѓи Сугарев’’-Битола.

12. Одлука за аплицирање на Општина Битола како партнер на повикот за предлози и грантови од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија под ИПА2 (2018-2020).

13. Одлука за аплицирање на Општина Битола како водечки партнер по повикот за предлози и грантови од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија под ИПА2 (2018-2020).

14. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.

15. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на СОМУ „д-р Јован Калаузи“ – Битола.

16. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „Александар Турунџев“ – с.Кукуречани.

17. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „д-р Трифун Пановски“ – Битола.

18. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „Елпида Караманди“ – Битола.

19. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола.

20. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – с.Бистрица.

21. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Битола.

22. Одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари на Општина Битола за потребите на ОУ „Стив Наумов“ – Битола.

23. Одлука за прифаќање на користење без надоместок на движна ствар на Владата од страна на Општина Битола за потребите на ТППЕ – Битола.

24. Одлука за прифаќање на користење без надоместок на движна ствар на Владата од страна на Општина Битола за ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола.

25. Одлука за примање на донација за финансирање на изведба на санацијата на чешмата во комплексот Офицерски дом Битола.

26. Одлука за примање на донација за подобрување на урбаната опрема во градот за поттикнување на граѓаните на Општина Битола за користење велосипеди како еколошки корисен и здрав начин на движење.

27. Донесување на Деловник за работа на Партиципативно тело за урбанистичко планирање на Општина Битола.

28. Одлука за измена на одлуката бр.09-123/3 од 30.10.2020 („Сл.Гласник на Општина Битола“ бр.15/2020) за изведување/поставување на подземни садови за комунален отпад на територијата на Општина Битола кои не се предвидени со урбанистичко- планска документација.

29. Измена и дополнување на годишен план за вработување за 2021 година на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патниците во Општина Битола (ЈППЈЛП).

30. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патниците во Општина Битола.

31. Решение за давање согласност на Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Внатрешна организација во Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патниците во Општина Битола.

32. Решение за изменување на членови на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Битола.

33. Решение за разрешување и именување на член во Управен одбор на ЈП Пазари Битола.

34. Решение за разрешување и именување на член во Надзорен одбор на ЈП Пазари Битола.

35. Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЈП Комуналец Битола.

36. Решение за разрешување и именување на член во Надзорен одбор на ЈП Комуналец Битола.

37. Решение за разрешување и именување на член во Надзорен одбор на КЈП Нискоградба Битола.

38. Решение за разрешување и именување на член – претставник во Училишниот одбор во ОУ „Стив Наумов“-Битола.