Press "Enter" to skip to content

Со полагање на цвеќе на гробот на Милтон Манаки, одбележани 57 години од неговата смрт (фото)

На Влашките гробишта во Битола, денес му беше оддадена почит на еден од браќата – првите сниматели на Балканот, Милтон Манаки, кој почина на денешен ден пред 57 години.Свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки положија градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, претставници на Комуната на Власите во Битола и претставници на Народна техника и Фестивалот Камера 300.-Милтон Манаки неспорно остави длабок траг со своето дело во нашата општина. На ваков начин со полагање на свежо цвеќе на неговиот вечен дом се сеќаваме на него, оддаваме почит на неговите дела и  неговата вредност. Нека му е вечна слава, рече градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.-Тука сме да му оддадеме почит на еден од првите сниматели на Балканот, на нивното заедничко дело со неговиот брат, а годинава поради мерките за заштита од ковид се одлучивме тоа да го направима скромно со мал број на делегации, рече Стефче Хаџиантоновски, претседател на Комуната на Власите „Браќа Манаки“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »