Денес, вторник, 20 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, среда, 21 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата во Битола до 24 степени.






