Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола по претходно издадена судска наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во дом на 38 годишен битолчанец.
При претресот се пронајдени и одземени 26 паковки со хероин со тежина од околу 50 грама, пари и мобилен телефон.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.






