Press "Enter" to skip to content

Адвокатска канцеларија “Главинче“ од Битола со свечена академија, документарен филм, изложба и со многу гости одбележа 60 години од основањето (фотогалерија)

Вечерва во Офицерски дом адвокатската канцеларија “Главинче“ од Битола одбележа јубилеј, 60 години од основањето, која во 1966 година ја основал адвокатот Сотир Главинче (1927 – 2015).Вечерва неговите наследници синот Емил и внуците Никола и Борислав заедно со многи гости, семејството, адвокати, судии, деловни партнери, пријатели, роднини со свечена академија го одбележаа голелемиот јубилеј, а пред присутните прв се обрати адвокатот д-р Никола Главинче кој рече:-Искрено не очекуваме толку квалитативна публика што ни дава малку и позитивна трема и секако ни направивте голема чест со вашето присуство. Што и да се случи утре со нашата канцеларија можеме да бидеме мирни дека сме ја постогнале целта преку овие шест децении кои се зад нас, бидејќи шест децении и три генерации адвокатура  со вашето присуство се покажува дека уживаме достојна почит во средината во која што живееме и работиме, а тоа е најголемата сатисфакција за нас. Велат дека луѓето работат за пари, во на крај сите живееме за признанние. Со вашето присуство вечерва вие ни оддавате едно признание кое се надевам дека во наредните четири децении ќе го вреднуваме и ќе го возвратиме. Сакам да кажам и тоа дека ова што го правиме нема намера да биде неква промоција туку има намера да се присетиме на некои вреднсти кои мораме да ги негуваме да одиме напред, и затоа овие фотографии се изложени тука, потрдуваат едно време во кое Битола негувала некои вредности со кои самиот град бил амбасадот во поширокиот простор, а Битола и сега има такви квалитети.Емил Главивче под многу емоции, како самиот рече, додаде:-Сакам да кажам некој збор за историјатото на нашата канцеларија, тоа дека било храброст Сотир Главинче да го напушти Окружниот суд, да даде оставка од фунцијата и да премине во адвокатурата која и тогаш биле слободна професија. Мотивот за да отвори адокатка канцеларија заедно со неговиот зет за сестра познатиот адвокат Ѓорѓи Зози, бил да го оствари својот младешки идеал, да помага на оние кои што доживеано неправда. Неправдата ја почуствувал и на своја кожа бидејќи издржувал казна на Голи Оток и тоа било пречка да биде изрбан за претседател на Окружниот суд иако имал највисоки оценки. Успеал по шест години да стане претседател на адвокатската комора на Југославија, а ја водел комората во странство. Во својата кариера бил Сотириус и им помогнал на многумина да ја изнегнат неправдата. Најмалиот наследник адвокатот Борислав Главинче на свеченоста за крај додаде:-Мислам дека не го усрамивме во овој период мојот дедо и во овие 60 години не дозволивме времето да ни го одземе духот и душата. Тоа за над е најбитно, бидејќи не сме најдобри, нути најучени, нити најстручни, ниту можеби најпопуларни, меѓутоа се трудиме пред се бидеме пред се човечни, затоа душата ни е полна. Но, тоа не е случај само со нас, туку така е со сите кои ги гледаме тука околу нас. Мислам дека и четвртата генерација од нашето семејство ќе  се одлучи за адвокатура и ќе го славиме и сто години од основањето, што не е далеку, поминаа 60, ќе поминат уште 40 години.Од авокатската канцеларија “Главинче“ повикаа сите судиите, обвинителите, адвокатите и сие во правната фела да придонесат да се смират страстите и сите стручно и научно да се надоградуваат бидејќи сите ќе бидеме во можност да браниме и застапуваме во поширокиот европски простор.На свеченоста беа присутни градоначачникот на Битола – Тони Коњановски во име на градот, претседателот на адвокатската камора на Крагуевац – Ѕвонко Марковиќ и неговиот потпретседател Борис Рибаровски, а таа камора е збратимена со битолската комора, како и други поканети гости.На почетокот на настанот беше прикажан документарниот филм посветен на адвокатската канцеларија “Главинче“ во кој главниот збор “го имаше“ Сотир Главинче, а “зборуваше“ на неговите адвокатски предизвици, а дел од филмот беше посветен и на книгата на д-р Никола Главинче – “Адвокатурата во Битола“.Поставена беше и изложба, а низ фотографии, написи, извадоци…, повозрасните имаа прилика да се потсетат на некои значајни случувања во адвокатурата во Битола, а помладите да се запознаат со тие случувања.

Текст и фото: Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1746139880558164&set=pcb.1746141880557964