Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, на 17 април 2021 година, за прв пат во своја надлежност, го организира УКЛО ТРИВИУМ, натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот.
Ова е одлична можност студетите својот потенцијал од сите високобразовни установи на УКЛО да ги подобруваат вештините за јавно говорење, аргументирано и структурирано изразување. За таа цел, потребно e да се изврши анимирање на студентската популација за учество на ораторскиот натпревар, на тема “Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“.
Конкурсот којшто е објавен на веб-страницата на УКЛО како и социјалните мрежи на УСС и УКЛО, како и на веб страниците и социјалните мрежи од единиците.
Универзитетското студентско собрание во насока на поуспешна презентација и унапредување на вештините на јавно говорење и воопшто култура на говор ќе организира соодветна работилница за подготовка на ораторите како и работилница за активизам и активно граѓанство.
Најдобрите оратори ќе го претставуваат УКЛО на настанот што на ниво на Република Македонија го организира Европското движење во Македонија, по повод 9 Мај, Денот на Европа.