Press "Enter" to skip to content

Вебинар по повод Меѓународниот ден на надарените и талентираните деца

По повод Меѓународниот ден на надарените и талентираните деца, во организација на Педагошкиот факултет од Битола, со поддршка на Општина Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и Македонската асоцијација за надарени и талентирани, се одржа вебинар на тема „Перспективите за развој на надареноста и талентираноста од потенцијал до талент“.

На вебинарот се обратија и државниот секретар во МОН Анастасија Трајковска, ректорот на УКЛО Сашо Коруновски и деканот на Педагошкиот факултет, Добри Петровски.

Професорот на Педагошкиот факултет, д-р Љупчо Кеверески, кој долги години работи на поддршката на талентираните и надарените е иницијатор за одржување на овој вебинар, кој во работниот дел имаше и свое стручно излагање.

Свое обраќање имаше и градоначалничката на Општина Битола,  Наташа Петровска, која рече дека училиштата се во стабилна состојба и веќе можеме да говориме за инвестиции кои што ќе значат поддршка за талентираните ученици, што нема да е само финансиска поддршка за натпревари, туку можност повеќе за простор, посебни училници, посебни нагледни средства.

Од научен аспект свои видувања имаа и проф. Д-р Иван Фербежер од Р. Словенија, проф. д-р Виолета Арнаудова од Филозофски факултет Скопје и проф. д-р Методија Стојаноски, од Македонска Асоцијација за надарени талентирани. Од овој вебинар ќе произлезат и заеднички заклучоци, препораки и констатации, кои што понатаму треба да дадат реален исход во препознавањето и третирањето на надарените и талентираните.

More from ВестиMore posts in Вести »