Press "Enter" to skip to content

Грчкиот конзул Ахиллеас Ракинас, до пријателите на Конзулатот во Битола, по повод денот на грчката независност

Драги пријатели на Генералниот Конзулат на Грција,

Денес, на 25 март 2021 година се одбележува 200 годишнината од започнувањето на Грчката борба за независност. Грција ја слави оваа пресвртница што ја роди современата грчка држава и ја активираше новата ера за Европа и за поширокиот регион. 200-годишнината е исто така можност да размислиме за минатото, да ја прпцениме сегашноста и да помогнеме за формирање на иднината.

Патувањето на Грчката држава во текот на овие два века е извонредно. Нацијата која се бореше за своето право да биде независна држава и која никогаш не одбегнуваше меѓународните борби да ги брани и поддржува слободата и човечките вредности, вклучително и во двете светски впјни.

Држава која стана цврст столб на демократијата и стабилноста на Балканот и поширокиот медитерански регион. Сигурен сојузник и посветена членка на Европската унија во изминатите 40 години, активно придонесувајќи за промоција на нејзините основни вреднпсти и припритети.

Ги повикуваме сите наши пријатели и партнери да ни се придружат во прославата и во
промовирањето на мирот и стабилнпста врз основа на меѓународното право и принципите и целите на Повелбата на Обединетите Нации.

Ахиллеас Ракинас, конзул на Грција во Битола

More from ВестиMore posts in Вести »