Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи со Ковид-19, од кои во Битола се 59.
Пријавени се вкупно 29 починати лица, а едно починато лице е пријавено од Битола.
Регистрирани се 722 оздравени пациенти од Битола се 24.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 76 ковид тестови.
Во Битола до сега има 4.113 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 549 случаи.
Досега се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а на активни случаи изнесува 16.543.






