Во последните 24 часа се направени 4.277 тестирања, а регистрирани се 1.422 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 50.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти од нив во Битола се 11.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 103 ковид-19 тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на Ковид-19.
Пријавени се вкупно 33 починати лица од кои 2 пациенти од Битола на 83 и 65 години.
До сега во Битола има 4.163 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни 586 случаи.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.






