На 25.03.2021 во СВР Битола од страна на лекар од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во реката Драгор имало паднато машко лице. Истиот е безбедно изваден од реката и утврдено е дека станува збор за 82 годишник од Битола на кого, според пријавеното, му се слошило и паднал во неа. Лицето било префрлено во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
На 25.03.2021 во СВР Битола, Ѓ.М. (20) од Битола пријави дека на 13.03.2021 во угостителски објект во Битола, поради претходно недоразбирање со сопствениците, бил физички нападнат од нив. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






