Press "Enter" to skip to content

Битолскиот театар денес го слави Светскиот ден на театарот

Ансамблот на Народниот театар од Битола денес ќе пролави 27 март, Светски ден на театарота, а вечер на сцената “Благој Стефановски-Баге“ ќе ја презентира последната премиерна претстава “Ноќта кога ја убив месечината“.

Пред почетокот на претставата, публиката во Битола ќе ги чуе македонската порака, чиј автор е актерката Сузан Акбелге од Турскиот театар од Скопје, како и пораката на Хелен Мирен, актерка од Велика Британија. Иато така  ќе биде прочитана и меѓународната порака на британската актерка Хелен Мирен која посочува дека ова време е многу тешко за изведувачките уметности, тешко е за многуте уметници, техничари и занаетчии, за жените кои се борат за своето место во оваа професија, која бездруго е обележена со несигурност.

Марјан Ѓоргиевски, Александар Копања и Валентин Светозарев, актери на Народниот театар од Битола ќе играат преставата “Ноќта кога ја убив месечината“ која ја подготвија во време на пандемија.

More from КултураMore posts in Култура »