Денес, сабота, 27 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозиете на Управата за хидрометеоролошки работи, утрото ќе биде ведро и студено со негативни температури. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 12 степени.
Утре, недела, 28 март, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени.






