Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола сончево со мала до умерена облачност

Денес, недела, 28 март, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 16 степени.

Утре, понеделник, 29 март, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 16 степени.