Прилеп – Еуерофарм Пелистер 23:39
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола славеше на гости во Прилеп кај истоимената екипа Прилеп со резултат 23:39, полувреме 14:20.
На овој суперлигашки натпревар екипата од Битола се потврди како апсолутен фаворит уште во првото полувреме, кога на пауза тимот на Лино Червар замина со предност од 14:20. Во второто полувреме, разликата само растеше. На крај, Еурофарм Пелистер славеше со 16 гола разлика.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски кој постигна девет гола, а Садоу Нтанзи погоди пат пати
Еурофарм Пелистер по седум одиграни натпревари има шест победи и едно реми.









