Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 и тоа во Битола се 18.
Министерството за здравство информира дека се регистрирани и 557 оздравени пациенти од Битола се 52.
До сега во Битола има 6.035 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.144 случаи.
Во болницата во Битола на Инфективно, Физикална и модуларната болница се хоспитализирани 125 пациенти кои се позитивни и суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 27 починати лица од кои 5 од Битола на возраст 70, 73, 73, 74 и 81 година починати во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 61, а преку болница “Плодност“ 58 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.






