Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Исто така, 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани.






