Комисијата за заразни болести, по состанокот, денес до Владата ќе предложи намалување на дел од рестриктивните мерки, полицискиот час да почнува од 21 часот и да трае како и до сега до 05 часот и летните тераси на угостителските објекти да се отворат.
Оваа одлуката е донесена и од страна на Кризниот штаб.
Предлогот е доставен до Владата која треба да закаже седница и да одлучи дали ќе ги прифати новите мерки.
Во изминатите три недели во нашата земја имаше полициски час од 20 часот, и забрана за работење на угостителските објекти.






