Започнаа градежните активности околу рехабилитацијата на ул. „Смилевски конгрес“ и ул. „Младински бригади“, во должина од 825 метри.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница.
-Улицата “Смилевски конгрес“ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население. Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари, посочи Петровска.

Нов коловоз на улиците “Смилевски конгрес“ и “Младински бригади“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





