Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 808 тестирања, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид, а вчера во Битола во ЦЈЗ Битола и “Плодност“ не се правени тестови.
Регистрирани се 856 оздравени пациенти од кои од Битола се 79.
Со денешните бројки во Битола до сега има 6.034 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.060 случаи.
Во болницата во Битола на Инфективно, Физикална и модуларната болница се хоспитализирани 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.
Пријавени се вкупно 37 починати лица, 4 лица од Битола на возраст од 67, 77, 89 и 91 година.
Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.






