Press "Enter" to skip to content

Терасите на кафулината на Широк Сокак подготвени за утрешното отворање (фотогалерија)

По вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести, сопствениците на кафулината не ја чекаа одлуката на Владата за намалување на рестриктивните мерки, која е донесена денес попладне, за отворање на отворените делови од кафулината, терасите, туку денес од рано започнаа со уредување на летните тераси по Широк Сокак во Битола.Сопствениците и вработените почнувајќи од плоштадот “Магнолија“ до Офицерски, од “Кафе кафе“, “ГТ“, “Портал“, “Епинал“, “Пајтон, “Аеро“ па се “Тач“ денес ги подготвија терасите на кафулината, ги поставија масите и столиците, ги наместија тендите, ги “штеловаа“ машините за кафе, со цел утре од рано да ги пречааат битолчани кои ќе уживаат во утринското кафе по Широк Сокак.

[ngg src=”galleries” ids=”699″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from ВестиMore posts in Вести »