Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.034 тестирања, а регистрирани се 447 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 19.
Регистрирани се 620 оздравени пациенти од нив од Битола се 34.
Пријавени се вкупно 30 починати лица, а едно лице е од Битола на возраст од 70 години, починато во болнички услови.
Направени преку ЦЈЗ Битола 61 и преку “Плодност“ 46 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројката на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а бројот на активни случаи изнесува 15.267.






