Press "Enter" to skip to content

Во Битола претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно

Денес, среда, 28 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на нестабилност со повремени врнежи од дожд. Температурата во Битола до 22 степени.

Утре, четврток, 29 април, во Битола времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 25 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »