Press "Enter" to skip to content

Во чест на Бошко Најдовски во Долно Оризари откриена спомен плоча (фото)

Традиционално по повод годишнината од масакрот кај село Вејце каде заминаат осуммина бранители, покрај тоа што се положува цвеќе во дворот на СВР Битола и споменикот “Ангел“ во паркот кај Саатот, таа се одбележува и со полагање на цвеќе и во Долно Оризари, во паркот “Бошко Најдовски“.Оваа година, по повод 20 годишнината од масакрот кај Вејце, денеска во Долно Оризари во паркот кој го носи името на загинатиот полицаец Бошко Најдовски беше откриена спомен плоча, а во паркот е поставен и голем железен крст.На одбележувањето беа присутни пратениците и членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Силвана Ангелевска, Антонио Милошовски, кои положија и цвеќе на спомен плочата, претставници на специјалните полициски сили, како и дел од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, предводен од претседателот Пеце Милевски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »