Press "Enter" to skip to content

И “Чкембарите“ им оддадоа почит на загинатите специјалци кај Вејце во 2001 година

Традиционална, секоја година членовите на навивачката група “Чкембари“ од Битола и оваа на 20 годишнината од загинувањето на четворицата припадници на специјалните полициски сили им оддадоа почит со положување на свежо цвеќе на споменикот “Ангел“ во паркот кај Саат кулата во Битола.Цвеќе положија неколку групи од “Чкембарите“, кои за разлика од минатите години кога тоа го правеа заедно со останатите делегации, овој пат тоа го направија сами точно на пладне.По полагањето на цвеќето, “Чкембарите“ одбележувањето на годишнината од загинувањето го завршија со пеење на Македонската химна, и секако во нивни стил, со палење на црвени “бакљи“.

More from ВестиMore posts in Вести »