Press "Enter" to skip to content

Одбележани 20 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)

Денеска се навршуваат 20 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.Во знак и почит кон загинатите бранители од Битола, беше положено цвеќе на споменикто во чест на бранителите во дворот на СВР Битола, како и на споменикот Ангел во паркот кај Гратскиот часовник.На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвеќе положија началникот на СВР Битола Славко Јовановски, претставници на СВР Битола, колегите од специјалната единица, роднини на загинатите бранителит, заменик градоначалничката Емилија Костурски, претседателот на Советот на Општина Битола – Валентин Груевски, советници.Со положување на цвеќе ја одбележаа 20 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.

[ngg src=”galleries” ids=”700″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »