Денес по кратко боледување во Битола почина на 73 годишна возраст, прим. д-р Стефче Бојаџиев, специјалист невропсихијатар.
Роден е во 1947 год. во Битола, каде го завршува основното и средното образование. Медицинскиот факултет го завршил во Скопје и каде е и активен член на Црвениот крст. Се вработува во душевната болница во Демир Хисар.
Специјализацијата по невропсихијатрија ја завршува во Скопје при што бил автор на многубројни научни и стручни трудови. Лекарската пракса ја продолжува во невропсихијатриското одделение во Битола. Во 2000 год. го добива звањето примариус и шеф на неврофизиолошкиот кабинет.
Добитник е на „7 – Априлската Награда“ по повод „Денот на здравјето“ во 2006 год.
Автор е на неколку книги од областа на неурологијата и психијатријата ,,Паркинсонова болест”, Психопатија и ,,Психосоматски заболувања”. Ова се први книги во нашата земја од оваа област.
Примариус Д-р Стефче Бојаџиев е еден од оснивачите на Центарот за зависници во Битола.






