Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола се 34.
Регистрирани се 641 оздравен пациент од кои во Битола се 59.
До сега во Битола има 6.129 лиц акои биле или позитивни на ковод-19, а активни се 974 случаи.
Во Ковид центарот во Битола бројот на хоспитализирани пациенти е 97.
Пријавени се вкупно 46 починати лица, а од Битола се 3 на на возраст од 63, 66 и 73 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола- 89, а преку “Плодност“ ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67145, активни 6743
Куманово 8500, активни 1104
Прилеп 8157, активни 691
Тетово 7083, активни 553






