Денес по завшувањето на сите подготвителни работи на втората делница од “Гроздот“ до Широк Сокак, улицата “Димитар Илиевски Мурато“ во Битола започна асфалтирањето со првиот слој асфалт на коловозот.
Изминатиоот период се работеше на гребење на старата асфалтна површина и се поставуваа ивичници на улицата. По асфалтирањето со вториот слој, ќе следува поставување на ново улично осветлување.
Заедно со првата делница, улицата во должина од 558 метри има нов коловоз, а претходно се вршеше промена на дотраената водоводна инсталација. Вредноста на сите зафати на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ се во висина од околу 17.000.000 денари.






