Денес пристигнаа 200.000 дози на вакцини од производителот “Синофарм“ со кои ќе се овозможи масовна имунизација на македонското население, секако и на граѓаните на Битола.
Министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека престојната поопсежна имунизација започнувајќи од вторник, односно веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови кадешто истата ќе се спроведува, а во Битола одлучено е масовната имунизација на битолчани да се врши во спортската сала на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“.
Заинтересираноста битолчани ќе ја искажат преку веб страната vakcinacija.mk , но и преку матичните лекари, а потоа по добиен ртермин ќе се вакцинираат во спортската сала во Медицнско, каде се е подготвено за започување на масовната вакцинација.






