По немањето на богослужба минатата година, оваа година заедно со ограничен број на верници свештениците од битолската црква “Св. Недела“ во Битола, предводени од старешината на храмот, отец Стеван Здравевски, вечерва симболично го извршија Христовото погребение, кое го симболизира погребот на Христос, по неговото умирање, распнат на Светиот крст.
Верниците се поклонија пред светата Плаштеница, а децата се провнаа под неа, оставија црвени јајца на масата и цвеќе, а потоа стрпливо ја слушаа богослужбата која ја водеше отец Стеван.
Свештениците уште еднаш во текот на службата ги нагласија Христовите страдања и погребот кој се одржа петокот, бидејќи саботата беше неработен ден.
Потоа, при крајот на службата, свештениците заедно со верниците симболично три пати завртија околу црквата, а потоа се “провнаа“ под светата Плешреница.
Дозволата за погреб ја дал Пилат, а фарисеите побарале стража на гробот на Христос, бидејќи тој најавил дека по три дена од смртта ќе воскресне.
Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа беше поставена стража.
Исто така беше и најавено Христовото воксресение, а свештениците ги повикаа верниците на саботната утринска служба и на вечерната кога ќе биде соопштена најрадосната вест, дека Христос воскреснал.
На крајот од богослужбата отец Стефан ги повика верниците, исто така во ограничен број да бидат в црква утре во 8 часот и в недела во 7 часот.
Текст и фото: С. Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”701″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






