Press "Enter" to skip to content

Полициски час вечерва повторно се враќа, дома после 21 часот

Движењето на граѓаните на територијата на цела држава вечерва е дозволено повторно до 21 часот. Полицискиот час, како и во изминатиот период почнува од 21 и трае до 05 часот узутрина.

Властите дозволија слободно движење само за верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, па така синоќа граѓаните имаа можност христовото воскресение да го прослават со кршење велигденски јајца во црквите и храмовите, токму на полноќ.

Заклучно со 15. мај ќе важат рестриктивните мерки, а потоа, како што најавија здравствените власти, согласно анализите од епидемиолошката состојба во Македонија ќе одлучуваат за нови мерки.

More from ВестиMore posts in Вести »