Press "Enter" to skip to content

Во Битола 42 оздравени од ковид-19, немаше ковид тестирања, починато 1 лице, активни 867 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19, во Битола не се регистрирани нови случаи, бидејќи вчера не беа правени ковид тестирања во ЦЈЗ Битола и “Плодност“.

Регистрирани се 398 оздравени пациенти од кои од Битола се 42.

Во Битола до сега има 6.166 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 867 случаи.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, едно од Битола на возраст од 72 години.

Досега во земјата се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

More from ВестиMore posts in Вести »