Press "Enter" to skip to content

Од среда полициски час од 23 часот, угостителите да работат до 22,30 часот, утре одлука на Влада

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки:

-забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23:00 часот до 05:00 часот наредниот ден,

-време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) да биде до 22:30 часот.

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на следната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од 5 мај 2021 година  (среда).

More from ВестиMore posts in Вести »