Попладнево во Битола, во спортската сала на Медицинското улилиште, која е регионален вакцинален пунк за Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод пристигна првите количини на вакцините “Синофарм“ од Кина. Во Битола пристигнаа околу 5.000 вакцини колку што е капацитетот на фрижидерите во кои се чуваат вакцините.
Досега во вакциналниот пункт во Битола се пријавени околу 18.000 граѓани преку апликацијата вакцинација.мк, а за утре се пријавени 910 лица. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани од Битола.
Вакцинирањето ќе се извршува на 25 пункта, во две смени ќе има по 25 медицински тима, ќе има и административен тим на приемот и пуштањето после примената вакцина, а целата организација е на Министерство на здравство, а ќе се вакцинираат само оние кои се закажале преку апликацијата.

Пристигнаа во Битола 5.000 вакцини “Синофарм“, утре 50 тима ќе ваквинираат 910 лица од регионот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени





